КОСТАДИН БОЗАЏИЕВ, ДИРЕКТОР НА ПОШТА ГЕВГЕЛИЈА:

WEB Телевизија во живо

ПОШТATA ПОВТОРНО ЈА ВОВЕДЕ УСЛУГАТА НОСЕЊЕ ПЕНЗИИ ДО ДОМА
 
Пошта повторно ја воведе услугата пензија до дома, а наскоро и услугата исплата на примања по основ на остварени социјални права на дом. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели и генералниот директор Јани Макрадули.
 
„Пошта е партнер на Халк банка и НЛБ Банка за исплата на пензиите дома. Оваа услуга ја покрива целата територија на државата, а се носат пензии во различни суми. Единствено Пошта располага со обучен кадар за сигурна и доверлива исплата на пензии на дом. Пошта има најниски провизии од сите на финансиски институции на пазарот.
 
Како што нагласи Директорот на Пошта Гевгелија, Костадин Бозаџиев, интересот за користење на оваа услуга на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран е голем. Вработените во пошта Гевгелија во соработка со вработените од Халк Банка Гевгелија постојано се на терен по населените места и од врата на врата ја презентираат услугата пред пензионерите.
Пензионерите кои сакаат да ја користат оваа услуга ќе треба само да отворат сметки во една од двете банки со кои соработува Пошта и да ги пополнат формуларите за тоа дека сакаат да ја примаат пензијата на домашна адреса.
 
Доколку пензионерот има отворено сметка во Халк Банка и сака да ја користи оваа услуга, доволно е да пополни формулар кој е достапен во секоја пошта или директно во Халк Банка или НЛБ Банка, или за тоа да го извести поштарот.
 
Доколку има сметка во некоја од другите деловни Банки, треба да се одјави (се мисли на сметка на која му доаѓа пензијата) и да отвори сметка во Халк или НЛБ банка. Притоа, задолжително треба да нагласи дека сака пензијата да ја добива на домашна адреса – појаснуваат од Пошта.
 
Со тоа, Пошта им овозможува на пензионерите да си го заштитат своето здравје и наместо од населените селски и рурални населени места да патуваат во градот со чекање ред пред банките, на едноставен начин да ја примат својата пензија ВО СВОЈОТ ДОМ.
 
За секоја информација Пошта преку своите единици на поштенска мрежа Ви стои на располагање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *