КАКО „МИСТИЧНИОТ БУРЕК ЈА НАПРАВИ СПАСИА  ДИНКОВСКА „КРАЛИЦА“ НА ЛОНДОНСКИТЕ НАРАЧКИ

WEB Телевизија во живо

Приказна за готвачката на која тефтерот со рецепти на нејзината баба и помогна да го преживее  ковид локдаунот и да ја прави најдобрата Македонска храна во Лондон

Спасиа Динковска, јуначката на оваа интересна приказна,  живее  во Лондон,  и гостува на разни pop up настани со Mystic Borek, нејзин специјалитет кој лично го подготвува и кој стана една од светлите точки  на лондонската сцена на нарачки за храна.  За неа и нејзините специјалитети пишувале Сандеј Тајмс и магазинот „Olive“, а учествувала и во шоуто на Џејми Оливер. А, за сето ова „виновник“ е тефтерот на бабата Славка.

Но да тргнеме по ред.

Спасиа Динковска е родена во Велика Британија во 1986 година, втора генерација е на Македонци во Лондон, од родители кои се родени во Скопје. По завршувањето на факултетот за книжевност, таа заминува во Њу Јорк, каде пишува за Хафингтон пост а во исто време во Бруклин работи во ресторант за топли сендвичи.

По три години поминати во Америка, се враќа во Лондон со сопствен бренд на сендвич, наречен „slap“,кој имаше шанса да го презентира кај популарниот готвач Џејми Оливер во 2013 година.

Во 2018 година, „македонското“ девојче Спасиа заедно со Светлана Динковска доаѓаат во Скопје на поменот на мајката на Светлана, бабата Славка. Спасиа на враќање го зема тефтерот со рецепти на бабата Славка во кој имало запишано голем број на семејни рецепти од македонската кујна.

Тефтерот бил оставен на страна се до моментот кога се случи пандемијата со ковид-19 и неизбежниот lockdown. Со само 80 отсто од нејзината плата, Спасиа не знаела како ќе го преживее тоа време. И, тука на сцена стапува тефтерот на баба Славка.

„Не го отворив, вели Спасија, за да почнам да правам бизнис со бурекот, не, тоа не беше мојата намера. ,Но, кога луѓето почнаа да прашуваат дали можат да ја купат мојата храна, тоа беше моментот кога помислив дека, можеби треба да започнам бизнис.

„Така се случи: почнав да поставувам слики на Инстаграм и добив неколку пораки од пријатели или пријатели на пријателите кои прашуваа колку чини тоа“, потенцира Спасиа.

Денеска, Спасиа раководи со бизнисот со Mystic Borek, и со други јадења од балканска кујна и која стана  една од светлите точки  на лондонската сцена на нарачки.  

Нејзиниот најпопуларен оброк е борекот, кој е апсолутно „ковид“ откритие – вкусни прстени од фино пециво кои се исполнети со свежи, сезонски состојки.Воопшто не е сличен на бурекот кој го знаеме, бидејќи таа експериментирала со различни вкусови и состојки

Спасиа вели: „Традиционално, тоа е деликатес со сирење или месо или спанаќ, а во зима тоа е зелката.

Секако , книгата за готвење содржи повеќе од само рецепти за борек. Целата пржена пиперка со изматено сирење и кисела краставица е врвното кисело задоволство. Тоа е доказ дека на јадењето не му е потребно месо за да ги придобие луѓето 

Тука е и свинскиот колбас со чадена кашкавал каша и кечап од ајвар кој ве моли да го јадете во студените зимски денови.

Размислувајќи за иднината, Спасиа ги има своите  погледи вперено во отворање сопствен ресторан. 

„Живеам и сакам тој да биде во Јужен Лондон. Единствената причина зошто одам на исток или на север е поради работата“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *