ЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА.

WEB Телевизија во живо

ОБУКИТЕ СЕ НА 2 И 3 МАРТ ВО МАЛАТА САЛА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР.
 
Во рамките на проектот: „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD 2)“, Oпштина Гевгелија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објави Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти од значење за граѓаните од општина Гевгелија. 
 
Доследни на развојните цели и со кои се опфатени дефинираните приоритетни области: туризмот и културата, младите, заштита на животната средина, локалниот економски развој и социјална инклузија и човекови права. Овој јавен повик е отворен за сите формално-регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации), согласно Законот за здруженија и фондации.
 
Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.
На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2 (до декември 2024).
 
Општина Гевгелија и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023.
 
Јавниот повик ќе трае од 28.02.2022 (од 9:00 часот) до 28.03.2022 (до 15:00 часот). Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Гевгелија на ден 2.3.2022 година, со почеток во 10:00 ч., во Малата сала на Народен театар. Првите два дена од обуката ќе се одржат на 2.3.2022 г. (со почеток во 11:00 ч.) и 3.3.2022 г. (со почеток во 09:00 ч.), во Малата сала на Народен театар. Повеќе информации за потребната документација и начинот на аплицирање можат да се најдат на официјалната општинска веб-страница (www.gevgelija.gov.mk), како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).
 
Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *