И НИЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА ТРЕБА ДА ПОЧНЕМЕ ДА РАЗМИСЛУВАМЕ СМЕТОТ ДА ГО КОРИСТИМЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА !

WEB Телевизија во живо

Во Целје, Словенија веќе работи енергана за преработка на комуналниот отпад во електрична енергија Производува 2 MW електрична енергија за сопствени потреби и мрежа, како и 13 MW топлинска енергија за градското парно.
Сите градови во земјава, па и Гевгелија, се соочуваат со проблем со депонирањето на сметот, поради што буквално на секој чекор никнуваат диви депонии, кои се закана по здравјето на луѓето, но истовремено ги загадуваат и природната средина, почвата и водите.
Во ситуација кога имаме „суфицит од смет“, крајно време е да почне да ги применуваме европските искуства и да почнеме и ние да го користиме сметот како суровина за производство на струја, по сите стандарди и технологии за заштита на животната средина.
Преработката на сметот и претворањето на ѓубрето во енергија и пари, односно во нешто полезно, бара посебна технологија и знаење, но тоа е неопходен пат што мора да се изоди ако Македонија сака одржлив развој и почиста околина.
Со постројките за преработка на смет, во исто време ќе се реши проблемот со складирањето на отпадот, но и ќе се обезбеди електрична енергија за повеќе домаќинства.
Станува збор за едноставен процес, кој најпрво опфаќа собирање на сметот, кој се истовара во една голема јама, каде што операторот селектира отпад што е погоден за согорување во котел, при што настанува пареа што ја движи турбината за производство на електрична енергија.
Со спалувањето на пристигнатиот отпад, благодарение на парната турбина е можно да се произведе струја што е доволна за потребите на околу 30.000 домаќинства
Секако, не е секој отпад погоден за горење и производство на струја, остатоците од метал се праќаат на рециклирање, додека пепелот што се добива од спалувањето на сметот се користи за правење патишта, се употребува во фабриките за цемент, па дури и за извоз.
Потврда дека печките за согорување смет и производство на енергија немаат влијание врз квалитетот на воздухот се модерните постројки за производство на енергија од отпад, како што е „Копенхил“ во данскиот главен град Копенхаген. Оваа постројка преработува околу 440.000 тони отпад годишно, го претвора во чиста енергија и снабдува со струја повеќе од 150.000 домаќинства.
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *