ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЈАТ ЛИЧНА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА ЗА ГАСНЕЊЕ ШУМСКИ ПОЖАРИ

WEB Телевизија во живо

TППЕ- Гевгелија, наскоро, ќе добие нова противпожарна опрема за гаснење шумски пожари. Компанијата „Форес ДООЕЛ“- Скопје, која даде најповолна понуда на тендерската постапка и склучи договор со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во текот на претстојниот период, ќе ги обезбеди пожарникарите, меѓу кои и од ТППЕ- Гевгелија, со лична противпожарна опрема за гаснење шумски пожари. 

Набавувањето опрема е дел од имплементација на проектот „Прекугранично справување со шумски пожари“ на Центарот за Југоисточен плански регион, во рамки на Програмата за прекугранична соработка Р. Бугарија- Р. Северна Македонија 201-2020 година. 

Покрај набавката на опрема, се креира и прекугранична мрежа за спречување и одговор на опасности од природата и животната средина, во која ќе учествуваат претставници на општинските територијални противпожарни единици и волонтерските заедници од двете земји, чија цел е да се создаде добра координација и структура за превенција и соодветен одговор на катастрофите со посебен акцент на шумските пожари. За дел од членовите на мрежата е предвидено спроведување на низа обуки (вкупно 6) од страна на меѓународни сертифицирани обучувачи. Ќе се спроведе и информативна и медиумска кампања за промовирање на волонтерство и спречување на шумските пожари.

 Проектот е со вкупна вредност од 395.361 евра, а истиот ќе се имплементира 24 месеца. Инаку, Центарот за Југоисточен плански регион, преку проектот „Деловен еко-систем како интегриран систем“ (Акронин „Be In“), во рамките на Interreg- IPPA Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020 година, аплицираше за набавка на едно противпожарно возило за ТППЕ- Гевгелија, кој проект е прворангиран на утврдената листа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *