ГЕВГЕЛИЧАНКАТА АНА БРЗАНОВА:„МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА УШТЕ ЕДНА ТИТУЛА ЗА УБАВИНА“

WEB Телевизија во живо

Во понеделник навечер, на 28 февруари 2022 година, во Бејрут, Либан, ќе се одржи изборот за Мис на Европа 2022. Македонија ќе ја претставуваат Ана Брзанова (22) од Гевгелија и Мија Стерјовска (18) од Скопје, членки на Модното студио „Црнокрак“. Реномираното модно студио ја поседува лиценцата за Македонија за овој најголем европски избор за убавина. Финалистките на овој настан веќе две недели се во Либан и се подготвуваат за големото финале што ќе се одржи следната недела.
Еве што ни изјави, директно од Бејрут, едната од македонските претставнички, гевгеличанката Ана Брзанова:
„Во Беjрут пристигнавме на 15- ти февруари, и до сега се оди како што треба. Дефинитивно вчера беше доста напорен ден за мене, бидејќи бев избрана од сите девојки заедно со уште три, да снимаме видео запис за познат либански дизајнер. Снимањето траеше околу 10 часа и навистина беше исцрпувачки, но се надеваме на неверојатни резултати бидејќи соработувавме со еден од најдобрите фотограф во Либан.
 
Настрана од ова, морам да признаам дека овој избор не е толку напорен за разлика од претходните на кои сум учествувала. Слободно време имаме единствено за спиење, бидејќи се враќаме доцна по полноќ во зависност од програмата, па пропуштаме појадок за да го зграпчиме потребниот сон. Во иста соба сме со Мија, мојата колешка од Македонија, и максимално времето го користиме заедно.
 
Навистина благодарна сум на модно студио Црнокрак што не спои нас двете, бидејќи знаеме дека ќе останеме блиски и по изборот. Финалето е во понеделник 28-ми февруари, при што ќе се претставиме во официјалната облека на Мис Европа, потоа во национален костим, и на крај во свечена тоалета.
Очекувањата мои како и пред секој избор ги немам, бидејќи не сакам да се разочарам, но, сепак мислам дека Македонија заслужува уште една титула!“’

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *