ГЕВГЕЛИЧАНИ СО ПОДДРШКА НА СОПСТВЕНИКОТ НА РЕСТОРАНТОТ „КРИМ“ РИСТО ПЕТКОВ ПОРАДИ ИЗРЕЧЕНА КАЗНА ОД 7.000 ЕВРА ЗАРАДИ ЛИЦА КОИ СЕ ЗАТЕКНАТИ СО ЛАЖНИ СЕРТИФИКАТИ

WEB Телевизија во живо

На собирот на граѓани од Гевгелија пред ресторантот “CREAM“, кои дојдоа да му изразат поддршка против неправедната одлука на инспекцијата, откако фирмата била казнета 7,000 евра затоа што неколку лица седеле во ресторанот со лажни Ковид сертификати, сопственикот Ристо Петков,во емотивното обраќање, покрај другото рече:
 
„Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7,000 евра казна за Ковид сертификати. Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?,“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *