Здружението на приватни лекари на Македонија, чиј претседател е Др. Лилија Дервишова Чолакова и координаторот за Гевгелија, Богданци и Дојран, Др. Христина Х. Прошева испратија допис до сите медиуми во кои стои:
Сите матични лекари, утре, 18 февруари 2022 ќе се одјават од системот
Мој термин и ќе примаат само итни пациенти.
Нашето стратешко барање е-
-Покачување на капитационен бод
-Пациенти на ПЗУ
-Основен пакет на услуги
-Партиципација
-Укинување на казнена политика од страна на ФЗОРСМ …….
Незадоволството е големо од страна на матичните лекари.Веќе подолго време алармираме за нашите проблеми,но слух се нема од страна на ФЗОРСМ.
Казни се платија за административни моменти-никој не го интересира дали финансиски е дестабилизирано тоа ПЗУ.
Во време на пандемија ,кога матичните лекари стоички се бореа во првите редови,беа испратени казни од страна на ФЗОРСМод 2019 и 2020 год.
Повеќе немаме приватен живот,од 2020 год по цел ден сме на телефон и покрај работното време во нашите амбуланти,пружаме неограничен број на услуги.
Итно е потребно остварување на нашите барања.
ЗА ОПСТАНОК НА ПРИМАРНОТО ЗДРАВСТВО!
ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРИВАТНИ ЛЕКАРИ НА МАКЕДОНИЈА
КООРДИНАТОР ЗА ГЕВГЕЛИЈА,БОГДАНЦИ,ДОЈРАН- ДР.ХРИСТИНА Х.ПРОШЕВА
ЗПЛРМ- ПРЕТСЕДАТЕЛ-ДР.ЛИЛИЈА ДЕРВИШОВА ЧОЛАКОВА