Д-Р МИТКО КРЏЕВ: За Ковид ситуацијата

WEB Телевизија во живо

ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕТХОДНИТЕ ДЕНОВИ КОГА БЕА ИСПОЛНЕТИ СИТЕ БОЛНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ДЕНЕСКА КОВИД СИТУАЦИЈАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА Е ПОРЕЛАКСИРАНА

За разлика од претходните десеттина дена кога  бројот на хоспитализираните пациенти , како и оние на дневна терапија беше забележително покачен,  при што капацитетите ни беа максимално исполнети, денеска, како што ни изјави директорот на Општата болница со проширена дејност, д-р Митко Крџев, ситуацијата е во многу нешто подобрена.

„Имено, вели директорот Крџев,  денеска во ковид модуларната болница има 7 хоспитализирани пациенти додека во адаптираната ковид болница во невропсихијатриското одделение тој број изнесува 5 пациенти. Очекуваме, додатно, дел од нив, во наредните денови да бидат испишани поради подобрување на нивната здравствена состојба.

На дневна терапија, вели директорот Крџев, бројката   исто така се намалува и наместо 50 пациенти дневно, сега имаме некаде помеѓу 20 и 25 пациенти  кои доаѓаат во ковид болницата, ја примаат терапијата и си одат дома.

Што се однесува до интересот за вакцинација, тој е веќе подолг временски период намален, така да во вакциналниот пункт дневно се вакцинираат од 20 до 30 граѓани, и тоа со втора или трета доза, додека бројот на граѓаните кои се вакцинираат за прв пат е занемарлив.

Сакам да напоменам, истакна д-р Крџев, дека утре и задутре,  односно 8 и 9 февруари, екипата од нашиот вакцинален пункт ќе престојува во Психијатриската болница „Негорци“ каде ќе бидат вакцинирани со трета доза поголемиот број на тамошните пациенти, како и дел од вработениот персонал. Тоа значи дека вакциналниот пункт во Општата болница, овие два дена нема да работи.

Очекувам исто така одговор   на нашата иницијатива од страна на поголемите работни организации, кои треба да ни испратат списоци со вработени кои сакаат да бидат вакцинирани во самите фирми, заврши директорот Митко Крџев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *