ДОБРИЛА ЧАБРИЌ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ 94-ТИ РОДЕНДЕН:

WEB Телевизија во живо

„СИ ПОСАКАВ ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И ЕНЕРГИЈА ЗА ДА ГО ЖИВЕАМ И ПОНАТАМУ ЖИВОТОТ СО ПОЛНИ ГРАДИ“
 
Највозрасната пејачка на Балканот, Добрила Чабриќ, од вчера влезе во 95 година од својот живот. Роденденот го прослави во еден скопски ресторант. Имено, еден од нејзините фанови Тони Димевски, кој е роден на истиот ден како Добрила, и приредил пријатно изненадување на пејачката која и во овие години шири околу себе позитивна енергија кон луѓето и животот.
Ја прашавме што си посака кога ги дувнала свеќичките на тортата, Доби кратко ни рече
 
„Да имам здравје, среќа, да ме држи гласот и да им покажам на помладите и на повозрасните дека имам сила да продолжам да го живеам животот, како и до сега со полни гради“
Се чини Добрила како да нема време да остари: постојано е во друштво со млади луѓе, секогаш ширејќи ја несебично околу себе својата позитивна енергија кон луѓето и животот. Се подготвува, кон крајот на месецов да го придружува во Белград синот на нејзиниот фан Тони Димевски, Дамјан Димевски, кој влезе во третиот круг на „Звезде Гранда“.
 
Да потсетиме дека Добрила Чабриќ во 2018 година беше победник на манифестацијата „Никогаш не е доцна.
Лилјана Мазова, театарскиот критичар во една прилика и ги посвети овие стихови
Биди жива и здрава,
Доби драга
Гордеј се,
со својата животна сага
Оти, како ретко кој друг
Годините ги надмина
Балканот го разгали
Милиони души восхити.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “ДОБРИЛА ЧАБРИЌ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ 94-ТИ РОДЕНДЕН:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *