ДО 11- ТИ МАРТ ТРАЕ ЈАВНИОТ ПОВИК НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ

WEB Телевизија во живо

Во тек е Jавниот повик на Општина Гевгелија за членство во Локаланото собрание на млади. Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното младинско собрание во Општина Гевгелија, во состав Милчо Јовановски, Ангела Шаренкова и Тијана Ристовска, согласно Законот за младинско учество и младински политики, донесе Одлука за објавување Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади во Општина Гевгелија. 

Повикот е објавен на веб-страната на Општина Гевгелија и трае 15 работни дена (до 11 март, 2022 година). На повикот можат да аплицираат членови од: Младински организации, Организации за млади, Политички подмладоци, Ученички организации, Студентски организации и други облици на Младинско здружување. Тие треба да ги исполнат следните критериуми, да имаат активности на територијата на Општина Гевгелија, да се основани и да имаат активности најмалку една година пред објавувањето на овој повик и делегатите или замениците да се жители на Општина Гевгелија. 

Повеќе информации за критериумите, потребната документација и начинот на аплицирање на следниов линк: https://www.gevgelija.gov.mk/…/eopstina/Javen_povik_LMS

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *