ДИМИТАР КРАЈЧЕВ: ОВА Е ЕКИПАТА НА КК„ КОЖУВ“ ОД 1974 ГОДИНА КОЈА СО МЛАДИ ИГРАЧИ ОД ГЕВГЕЛИЈА СЕ ВРАТИ ВО ПРВАТА МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ЛИГА

WEB Телевизија во живо

Нашиот сограѓанин, Мите Крајчев, на својот ФБ профил постираше интересна фотографија од пред 48 години, од далечната 1974 година. Не заинтересира кои беа играчите кои тогаш настапуваа за тимот на КК „Кожув“. Мите ни објасни дека сите играчи (освен двајцата подолу спомнати) и тренерот на оваа генерација, се родени Гевгеличани.

Горе од лево: Васе Атанасов – Шумски (Тренер), Вили Ќичуков, Мите Крајчев, Џоко Андреев, Мите Ташев, Коце Катарџиев, Тане Камчев. Доле од лево: Секулов и Ѓетов (двајцата се од Струмица), Мите Димитров, Владо Лазаров, Јове Муров.

Во дописот до нашиот веб портал, Крајчев се прашува што можеше навистина да се направи со милион и повеќе евра потрошени во последните 10 години за тренери ( кои се однесуваат како селектори, а не стручнаци што ќе изградат сопствен играчки кадар), македонски играчи од страна (кои играат за високи надоместоци) и  странци (кои играат само за сопствена статистика за да можат подобро да се продадат)?!

Затоа негов  добронамерен предлог општината да ги троши буџетски средства во создавање вистинска спортска инфраструктура ( игралишта, финансирање тренери кои ќе работат со млади и талентирани играчи и финансирање на натпреварувања во млади категории).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *