ДАЛИ И КИКИ РАХИМОВСКИ, СИНОТ НА АКИ ЌЕ НАСТАПИ НА КОНЦЕРТОТ НА ПАРНИ ВАЉАК И ПРИЈАТЕЛИТЕ ВО ЗАГРЕБ?

WEB Телевизија во живо

НАСЛОВЕН КАКО „ДОВОЛНО Е ДА СЕ КАЖЕ… АКИ“?
 
Останува уште еден месец до концертот „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже… Аки“ во Загребската Арена. Влезници нема, распродадени се само една недела по објавувањето на датумот за негово одржување, што не е чудно бидејќи многу фанови на „Парни Ваљак“ сакаат да му оддадат почит на починатиот пејач Аки Рахимовски, кој не напушти на 22 јануари годинава.
 
 Овој концерт е во негова чест и Ваљак ќе го одржи во сабота на 26 март, како што е најавено заедно со помош на драгите музички пријатели. Засега и официјално е познато дека тоа музичари се Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага и младиот Дино Јелушиќ.
 
– Она што можам да го откријам е дека на концертот ќе имаме десетина гости, но не сакаме да излегуваме во јавноста со други имиња. Нашата намера е да ја изненадиме публиката на концертот и да има се на достоинствено ниво – вели Хусеин Хасанефендиќ, додавајќи дека веќе почнале со пробите, што секако не било емотивно лесно, но и како добиваат пораки за поддршка како оние – „Не ти требаат гости, ние ќе ти пееме“.
Меѓу имињата кои би можеле да се појават пред публиката, се шпекулира, е и на синот на Аки, Кристијан Кики Рахимовски, но тоа не е официјално потврдено.
 
– Во овој момент не можам да го коментирам тоа или да излезам со таква информација – рече Кики Рахимовски барајќи разбирање бидејќи очигледно и сосема разбирливо поради сите околности не донел конечна одлука.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *