Андон Сарамандов: Со замена на сите натриумови со лед светилки во општината, драстично ја намаливме сметката за струја на уличното осветлување.

WEB Телевизија во живо

Денеска, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов информираше за намалувањето на сметката за улично осветлување во општина Гевгелија.

„За месец јануари имаме намалување на сметката за улично осветлување  во однос на предходните месеци откако целосно ги заменивме старите светилки со штедливи лед сијалици. Предходно во месец септември снабдувачот на стуја POWER, еднострано го раскина договорот и општина Гевгелија беше принудена да се снабдува со струја во краен случај од ЕВН Хоме. Како резултат на тоа имавме зголемување на сметката за улично осветлување за 6 до 7 пати. Така, во септември износот на сметката изнесуваше 491 000 денари а за октомври 2 900 000 денари Заради настанатата ситуација мораше брзо да се реагира бидејќи поголем дел од буџетот за 2022 год. на локалната самоуправа ќе требаше да биде потрошен за електрична енергија. Посетив неколку општини да се запознам како тие се справуваат со оваа ситуација, воедно остваривме средби со повеќе фирми кои работат со оваа проблематика пред да донесеме било каква одлука. Јануарската сметка за уличното осветлување во општина Гевгелија изнесува 1,350.000ден а веќе за февруари очекуваме намалување на истата под 1,000.000 ден. Заштедените пари ќе бидат искористени за нови инвестиции а во иднина ќе продолжиме да работиме на подобрување, обновување и проширување на мрежата на јавно улично осветлување.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “Андон Сарамандов: Со замена на сите натриумови со лед светилки во општината, драстично ја намаливме сметката за струја на уличното осветлување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *