ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

78 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ – ПРАВНИК ШТО ГО ОРГАНИЗИРАШЕ МАКЕДНСКОТО АНТИФАШИСТИЧКО ДВИЖЕЊЕ 

На денешен ден се навршуваат 78 години од смртта на Кузман Јосифовски – Питу, македонскиот правник кој е најзаслужен идеолог за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија.
 
Кузман Јосифовски – Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи.
Роден е во Прилеп 1915 година, се образувал во Прилеп и Битола, за потоа да продолжи на студии по право на Белградскиот универзитет.
 
За време на студиите активно се вклучува во политичката активност, особено преку создавање на студенските друштва и В движења „Вардар“ и „МАНАПО“.
 
Бил член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Останувајќи доследен на своите убедувања, тој ќе работи во НОБ да се вклучат познатите револуционери од минатите македонски борби и луѓе од народот.
 
Така во работата на заседанието на АСНОМ ќе учествуваат и ќе го водат неговиот Президиум познати имиња – Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе и други.
По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје, каде што живеел во населбата Трнодол.
Кузман Јосифовски – Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности на 25 февруари 1944 година. Според официјалната верзија, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски војник.
 
Претходно била опколена куќата каде што се одржувал состанок со претставници на централниот комитет на БКП (Бугарската комунистичка партија).
 
Кузман успеал да се извлече и да побегне, но стигнал само некој километар подолу од некогашната „Алумина“, каде што смртно бил погоден од бугарски војник.
 
За убиството на Кузман неговата мајка и помалата сестра Павлина дознале дури по една година, и тоа случајно на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп, каде што биле прочитани имињата на загинатите борци.
 
Денеска, како што откриваат одредени историски сознанија, постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ–Темпо до Тито, во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување, каде што Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија за целосно ослободување и обединување на Македонија.
 
На 2 август 1945 година посмртно бил прогласен за народен херој на Југославија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *