70 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА СМОКВИЧАНЕЦОТ АНГЕЛ ДИНЕВ, ПУБЛИЦИСТИ БОРЕЦ ПРОТИВ НЕГИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА И ПОСЕБНОСТ

WEB Телевизија во живо

Ангел Динев е роден на 1 октомври 1891 година во гевгелиското село Смоквица. По завршувањето на основното училиште во селото, слугува како овчар, а во црквата учествува како псалт. Кон крајот на 1909 година се вработува во Егзархиската митрополија во Солун. До 1911 година работи како фурнаџија, се самообразува и влегува во Ученичкиот револуционерен кружок. Истовремено станал и организатор на привремениот Околиски комитет на ВМРО за гевгелиските села од десната страна на Вардар.

Во есента 1911 година Ангел Динев станал член на Околиски револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација, а од мај 1912 година е секретар во четата на војводата Коста Христов Попето.  По избувнување на Балканската војна во 1912 година, четата излегува на планината Кожув и учествува во борбите против османлиската власт. Четата на Коста Х. Попето влегува во состав на посебната воена единица Македонско ополчение која ја формира бугарската армија, а Ангел како доброволец служи во 3 чета на 15 Штипска дружина. Во текот на Првата светска војна тој служи во Единаесетата пешадиска македонска дивизија.

Под влијание на Арсени Јовков, еден од раководителите на Илинденската организација и главен редактор на весникот „Илинден“, потоа Димо Хаџи Димов и други прогресивни македонски дејци, Ангел Динев се профилира како бескомпромисен афирматор на македонската национална самобитност. Следејќи ги нивните пораки за потребата од македонски печат, за негово „издигање, ширење и усовршување, и главно од еднокрајно разграничување на улогите на бугарскиот и македонски печат, при што последниот за Македонецот треба да биде евангелско четиво“, Ангел ја афирмира потребата од создавање на македонски литературен јазик, литература и историографија.

Во меѓувреме, во 1927 година, Ангел Динев станува раководител на Гевгелиското братство и на таа функција се задржува се до 1947 година. Исто така, од 1928 па се до 1942 година, тој работи како писар во Министерството за земјоделство. Меѓу двете светски војни тој го издава и најзначајното македонско периодично издание „Македонски вести“ (24. I 1935 – 12. Х 1936). Ова издание, првин како неделно списание, а потоа како весник, било неофицијален орган на ВМРО(Об) кој ја афирмира културно-националната историја, особено од илинденскиот период, и ја развива македонската национална свест, литература, наука и култура.

Ангел Динев бил поставен за стручен соработник во новооснованиот Институт за национална историја во Скопја. Во 1951 година тој го публикува последното дело „Политичките убиства во Бугарија“.

Ангел Динев умира на 17 февруари 1952 година во Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “70 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА СМОКВИЧАНЕЦОТ АНГЕЛ ДИНЕВ, ПУБЛИЦИСТИ БОРЕЦ ПРОТИВ НЕГИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА И ПОСЕБНОСТ

  1. Poštovani
    Molio bih vas ako imate kakvih zapisa o životu , djelovanju i borbi narodnog heroja Makedonije i N.O.B. , Angel Trajkov.
    Znam da je iz sela Negorci. Poginuo je pred kraj Ii sv. rata. Ima spomenik u centru sela Negorci zajedno sa još sedmorici heroja.
    Moja supruga je njegova unuka.
    Ponos pozdrava
    Ivan Mašić

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *