17 ФЕВРУАРИ, ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО

WEB Телевизија во живо

На денешен ден, 1946 година, во Скопје било основано Здружението на професионалните журналисти во Македонија. За прв претседател бил избран Мито Хаџивасилев – Јасмин. Мито Хаџивасилев – Јасмин бил еден од најпознатите македонски нивинари и публицисти. Бил директор и главен уредник на весникот „Нова Македонија“ од 1945 до 1947 и 1962 година. То е првиот претседател на Здружението на новинарите на Македонија, а државната награда со која се оддава признание за остварување во областа на публицистика и новинарство во Македонија го носи неговото име. 

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ која се доделува секоја година, за првпат е доделена во 1969 година. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е официјалното здружение на професионалните новинари од Република Македонија и членка на Меѓународната федерација на новинари. „…На седумнаесети февруари 1946 година, во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, на повик на Акциониот одбор за основање на Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија, се состанаа новинарите од следниве скопски редакции: „Нова Македонија”, „Трудбеник”,„Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија. Основачкото Собрание го отвори одговорниот уредник на скопскиот весник “Единство”, Димитар Митрев. Во име на Народната влада на Македонија, Собранието го поздрави др Павел Шатев, министер за правосудство, а во име на македонските книжевници, композитори и артисти, поетот Венко Марковски. 

После дискусијата за претседател на Здружението на новинарите на Македонија едногласно беше избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”. За потпретседатели се избрани Асен Тодоров, уредник на дописништвото на „Танјуг” и д-р Пиетро Јанура, одговорен уредник на весникот „Фљака е влазримит”, за секретар Дејан Алексиќ, раководител на дописништвото „Танјуг”, а за благајник Тошо Шкартов, член на редакцијата „Нова Македонија”. Собранието избра Пленум, Надзорен одбор и Суд на честа. 

За почесни членови едногласно беа избрани: Димитар Влахов, д-р Павел Шатев, Бане Андреев, Алексо Муртаклов, Димитар Поп Ефтимов, Киро Миљовски, Веселинка Малинска и Љиљана Чаловска..”. (Извадок од монографијата „Сребрен јубилеј на СНЈ“ – Сојуз на новинарите на Југославија)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *