150  ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ- АПОСТОЛОТ НА МАКЕДОНСКОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕЊЕ.

WEB Телевизија во живо

„Другари, кој е со две срца, нека остане тука, а кој е со едно ама машко, нека тргне со мене. Ние не одиме на свадба, туку заминуваме за Македонија за да се бориме за ослободувањето на својот народ“. (Гоце Делчев)

Делчев неколку пати престојувал и во Гевгелија, а познато е дека првите членови на македонската револуционерна организација во нашиот град биле примени лично од нејзиниот идеолог, Гоце Делчев, во пролетта 1895 година, кога тој во деновите на Велигденските празници, навратил и во Гевгелија. Тој се задржал при тоа четири дена во градот и престојувал наизменично во куќите на Илија Докторов(во близина на денешната зграда на гимназијата), Томе Бајалцалиев(близу црквата Кирил и Методија) и Андон Динков(на местото каде денес се наоѓа католичкиот параклис).

Во куќата на Илија Докторов, тој ги вовел во Организацијата:Хаџи Нако-трговец, Илија Докторов-учител, Мицо Чанов-чубукчија, Андон Динков-бакалин, Томе Бајалцалиев-трговец и Никола Д Бојаџиев-главен учител во прогимназијалното училиште под егзархиска управа.

На денешен ден, 4 февруари 1872 година, во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Георги Николов Делчев, македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор, стратег и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, истакнат борец за македонската самостојност и самобитност.

. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11. октомври 1946 година, биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје

 

Врските на Гоце Делчев со Гевгелија биле длабоки. Во Гевгелија живееше чичкото на Гоце Делчев и братот на неговиот татко Никола, Ѓоргија Делчев, за кого ексклузивно за ТВ Нова 12 ни раскажуваше  неодамна Јордан Јанев, академскиот вајар, инаку правнук на Гоце Делчев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *