ЗПСК “КОЖУФ” ЈА ПРОДОЛЖИ ТРАДИЦИЈАТА И НА ПРВИОТ ВИКЕНД ОД 2022 БЕШЕ ИСКАЧЕН ВРВОТ “ЧИЧИ КАЈА”

WEB Телевизија во живо

ЗПСК “КОЖУФ” ЈА ПРОДОЛЖИ ТРАДИЦИЈАТА И НА ПРВИОТ ВИКЕНД ОД 2022 БЕШЕ ИСКАЧЕН ВРВОТ “ЧИЧИ КАЈА”. ОВАА ГОДИНА КЛУБОТ ЌЕ ПРОСЛАВИ 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ.

ЗПСК КОЖУФ Гевгелија веќе долги години наназад годината ја започнува на 2- ри јануари или првиот викенд од јануари со искачување на врвот Чичи Каја, висок 1767м. на Кожуф планина.

Така и оваа 2021 година, 36 члена екипа од клубот тргна од местото Асан Чешма кое беше стартна позиција за оваа маршута до врв Чичи Каја, која е една од најлесните патеки на Кожуф планина со вкупна должина во двата правци од 5.5км и поради тоа беше одбрана за почеток на новата планинарска година. 

Движењето се одвиваше во колона како што е ред, напред водичот на оваа акција секретарката Рената Тодова која го диктираше темпото на движење кое се одвиваше во зимски услови по снег на некои места и до колена. Беа поставени и неколку помошници водичи кои беа распоредени низ планинарите, Ристо Каркалашев, Саше Динев, Бојан Георгиев и Зафир Старделев. На самиот врв во моментот кога планинарите пристигнаа беа пречекани од магла, но за среќа набргу времето се расчисти и се отвори прекрасен поглед на Кожуф планина.

На врвот се отвори шише шампањско со што планинарите си наздравија и си посакаа пред се здравје и успешна нова година со многу реализирана планинарски акции во кои ке се искачат многу планини и планински врвови, особено оваа 2022 година кога Клубот слави 70 години од своето постоење.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *