ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ, OСВЕТУВАЊЕ НА ВОДИТЕ НА РЕКАТА ВАРДАР И ПОТОПУВАЊЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ

WEB Телевизија во живо

           Христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде одбележан во Гевгелија со осветување на водата во реката Вардар. Во организација на Гевгелиското архиерејско намесништво кај Mостот на Вардар, ќе се одржи традиционалното фрлање на Светиот крст.

           Од Гевгелиското архиерејско намесништво велат дека за сите пријавени кандидати кои ќе учествуваат во Богојавленското пливање, ќе биде организиран бесплатен лекарски преглед од страна на екипи од Општата болница во Гевгелија. Покрај ова, ќе има обезбедено и дежурни екипи за спасување и противпожарна заштита, а за време на настанот ќе се почитуваат протоколите за заштита од КОВИД-19.


            Чинот на фрлањето на Светиот крст во водите на македонскиот Јордан, реката Вардар, ќе се одржи во среда, на 19 јануари, со почеток во 12 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *