ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА 147 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

WEB Телевизија во живо

Во периодот од 6 до 14 јануари, според Центарот за јавно здравје од Велес, Подрачна единица Гевгелија, на територијата на општина Гевгелија се забележани 147 граѓани позитивни на Ковид-19.

Иако, како што се гледа, од ден на ден се зголемува дневниот број на граѓани кои бараат лекарски преглед кај своите матични лекари, како и оние кои имаат потреба од дневно лекување по тестирањето со ПЦР тестови, сепак Општата болница во Гевгелија сеуште добро ја менаџира ситуацијата. Како што изјави и директорот, Митко Крџев,  поради тоа што повеќе од пациентите се со полесна клиничка слика, модуларната ковид болница продолжува да се користи како центар за користење на дневна терапија, додека оние кои имаат потреба од хоспитализација се сместуваат во Нервното одделение на болницата

Тој не пропушти повторно да апелира на граѓаните за важноста на вакцинацијата зашто само така, вели Крџев ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот.

Во меѓувреме стигнаа и податоци од Јужна Африка кои покажуваат дека луѓето кои примиле две дози вакцина против Ковид-19 имаат до 70% заштита од хоспитализација. Слични податоци од Обединетото Кралство покажуваат дека, иако заштитата опаѓа неколку месеци по вакцинацијата, заштитата од хоспитализација повторно се зголемува до 90 % по примена бустер доза.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *