ВО БИТОЛА ЗА СРЕЌА ПОВРЕДЕНИ ОД СИНОЌЕШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС НЕМА

WEB Телевизија во живо

ИМА ИСПУКАНИ ЅИДОВИ НА ЗГРАДИ, НЕМА СРУШЕНИ ОБЈЕКТИ

Како што пишувавме, земјотрес синоќа е почувствуван во Гевгелија, Битола Охрид, Скопје и други делови на Македонија.

Според податоците кои ги објави ЕМСЦ, станува збор за потрес со јачина од 5.8 степени на грчко тло, во близина на Флорина(Лерин). Тој бил на длабочина од 2 километри. Од земјотресот се скршени прозорци, додека засега нема извештаи за повредени цивили.

И по полноќ повторно имаше посилен земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. До утрово регистрирани се над 25 земјотреси.

Синоќа голем дел битолчани беа вознемирани и исплашени поради двата посилни земјотреси кои со татнеж ги стресоа зградите и куќите, па ги напуштија своите домови, а некои студената ноќ ја минаа во своите автомобили.  Во високатниците кај техничкото училиште во Битола регистрирани се оштетувања во неколку станови, како и на некои постари куќи.

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, за денеска закажа состанок на општинскиот кризен штаб, на кој ќе стане збор за состојбата во Битола по вчерашните серија земјотреси.

Тој синоќа излезе на терен со дел од кризниот штаб. Коњановски ги посети Итната помош и Противпожарната единица, како и делови од градот каде доминираат висококатници и има поголеми штети.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *