ТВ НОВА СО ПОДДРШКА НА ПРОЕКТОТ „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“

WEB Телевизија во живо

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Македонија. Неофицијално кај нас има околу 2.000 пациенти со ретки болести со приближно 200 различни дијагнози. 

Во недостаток на информации и третман за ретките болести преку изработка на текстови, видео и аудио записи се планира да се запознаат граѓаните со ретките дијагнози од кои заболуваат најчесто децата во нашата земја.
Нашиот медиум и оваа година ќе се вклучи во овој хуман проект кој Гордана Лолеска, Здружението „Ретко е да си редок“, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“го започнаа во 2019 година. Од тогаш, секоја година сите заедно ја запознаваме јавноста со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку ретките дијагнози сите заедно ќе успееме да го кренеме гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.

Преку соодветни текстови, видео и аудио записи и годинава, од 1 февруари ќе се запознаваме со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја. Проектот е од информативно едукативен карактер на кој работат видни и афирмирани професори и доктори од целата држава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *