ОПШТИНА ГЕВГEЛИЈА ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДЕЦА КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД ПОСЕТА НА ЛОГОПЕД

WEB Телевизија во живо

Услугата е наменета за корисници од општина Гевгелија и ќе обезбедува превентивни активности, едукација и третирање проблеми во вербалната комуникација кај деца.

Оваа иницијатива на Општина Гевгелија ќе се спроведува во просториите на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија (позади Општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“). Се предвидува групна, индивидуална и окупациска терапија за децата со попреченост.

Пријавувањето на заинтресираните започнува од денес, (понеделник, 31.01.2022) и ќе трае до петок (04.02.2022). Пријавувањето ќе се одвива во просториите на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија (позади Општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“), секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот или на

телефонскиот број 077896808.

Лице за контакт: Tања Ангелкова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *