ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СТИПЕНДИРА 6 СТУДЕНТИ НА МЕДИЦИНСКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

WEB Телевизија во живо

На  5-та  седница на Советот на Општина Гевгелија, која ќе се одржи во петок, на 28 јануари 2022 година, Советот ќе расправа и за Предлог одлуката за  доделување на стипендии на талентирани ученици од Општина Гевгелија запишани на Медицинските факултети во академската 2021/2022 година.

Висината на стипендиите ќе изнесува 6.000 денари месечно за 10 месеци во академската година.

Со доделувањето на овие стипендии, Општина Гевгелија настојува да обезбеди медицински кадар, кој во моментот е дефицитарен во Општата болница во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *