НА СОСТАНОКОТ КАЈ ПЕНДАРОВСКИ МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИЈА ПОБАРАА  МАКЕДОНИЈА ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СВОЕТО МАЛЦИНСТВОТО И ДА БАРА РЕЦИПРОЦИТЕТ ОД СОФИЈА

WEB Телевизија во живо

Единственото правилно и достоинствено решение е и двете малцинства, македонското во Бугарија и бугарското во Македонија – да добијат идентични права согласно меѓународните стандарди за правата на малцинствата. Двете малцинства треба да се претворат во мост за зближување, а не причина за конфликт. Така ја гледаме ние својата ролја како дел од решението, а не од проблемот, се вели во соопштението на партиите и организациите на македонското малцинство во Бугарија кои денеска беа на средба со претседателот Стево Пендаровски.

На средбата тие му ја дадоа својата заедничка писмена позиција и му изложија серија проблеми со кои се соочуваат тие, заедно со мноштво примери за систематската дискриминација и институционализиран говор на омраза против Македонците во Бугарија. Учесниците го искажуваат своето задоволство од средбата, која помина конструктивно во позитивен дух и дава надеж за почеток на нова пооптимистичка тенденција.

Ние сме револтирани од барањата на Бугарија Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и дури да изјави дека такво не постои. Прифаќањето на такво скандалозно барање под било каква форма ќе значи раскин на врската меѓу македонската држава и македонското малцинство во Бугарија и во суштина – велепредавство.

Како клучен проблем за нас, но исто така и за односите меѓу двете земји ние го гледаме тоа што индивидуалните права на припадниците на македонското малцинство во Бугарија се фундаментално нарушени. Самото постоење на малцинството категорично официјално се негира. Македонската самосвест и самоопределба без никоја разумна причина се третираат како национално предавство, антидржавна дејност и закана за единството и територијалниот интегритет на Бугарија. Ниту едно од правата предвидени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства не им е дадено на Македонците независно што истата е ратификувана од Бугарија. Ние дури и немаме базично и фундаментално за демократијата право како тоа да создаваме и делуваме преку свои партии и организации, а исто така оние од нас кои имаат второ македонско државјанство немаат право да се кандидатираат на избори. Заради нашата етничка припадност ние сме постојан објект на говор на омраза, кој никогаш не се казнува и сме стигматизирани како непријатели на државата. Преку сето тоа сме систематски маргинализирани и исклучени од општествениот и политичкиот живот на земјата во која живееме.

Се надеваме оваа средба да сврти нова страница во односот на македонската држава спрема македонското малцинство во Бугарија и да стави почеток за нова позитивна традиција. Вие и претставниците на македонските државни институции исто како и бугарските сте секогаш добро дојдени како гости на нашите јавни манифестации во Бугарија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *