МАКЕДОНИЈА ПО СЕДМИ ПАТ НА ЕВРОПСКО ВО РАКОМЕТ

WEB Телевизија во живо

Вечер од 18 часот, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе се сретнат со Словенија, по два дена (15 јануари) во исто време со Црна Гора, додека, на 17 јануари од 20:30 часот силите ќе си ги одмерат со Данска.

Ракометната репрезентација на Македонија досега учествувала на вкупно шест Европски првенства и тоа во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014), Полска (2016), Хрватска (2018) и Австрија, Норвешка, Шведска (2020).

Домаќини на годинашното ЕП се Унгарија и Словачка. Македонија обезбеди место на собирот преку квалификациите и ја чекаат три средби во првата, групна фаза, против селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска. Македонските ракометари ќе играат во групата во Дебрецин, Унгарија.

Ракометната репрезентација на Македонија досега учествувала на вкупно шест Европски првенства и тоа во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014), Полска (2016), Хрватска (2018) и Австрија, Норвешка, Шведска (2020).

Најдобриот пласман нашата селекција го има на Европското првенство во Србија во 2012 година, каде што заврши на петтото место од вкупно 16 селекции. Десетто место освои на ЕП во 2014 година во Данска, покрај 16 селекции. Во 2016 во Полска заврши едно место подолу од 2014, 11. место е освоено и во Хрватска во 2018 година, за во 2020 година да го одбележи најслабиот пласман – 15. место.

Во 2012 година нашиот репрезентативец, сега селектор, Кирил Лазаров со 61 погодок и 114 удар е прогласен за најдобар стрелец на Европското првенство во Србија. Во 2014 во Данска тој повторно се запишува на листата најдобри стрелци на 4. место со 38 погодоци и 74 удари на гол. На следното првенство, во 2016 година во Полска, Лазаров го освојува петтото место со 42 погодоци и 79 удари.

Имаме целосен респект кон Словенија. Тие имаат квалитетни индивидуалци и се голем тим. Меѓутоа, ние не влегуваме во натпреварот со бело знаме. Иако фаворитската улога можеби е на нивна страна, ние ќе дадеме сè од себе за да приредиме изненадување, најави Лазаров.

Македонскиот селектор посочи дека амбицијата е да се мине групата А во која уште се Данска и Црна Гора, и да се обезбеди пласман во втората фаза.

– Ние имаме желба да одиме во вториот круг. Тоа би било голем успех, не затоа што не заслужуваме да бидеме таму, туку затоа што на жрепката добивме силни противници. Сепак сме во транзиција, потребно е време и мораме да бидеме трпеливи. Градиме репрезентација за следните десетина година. Не сакам да ги оптоварувам моите играчи со дополнителен притисок. Ние знаеме што сакаме, знаеме дека ќе дадеме сè, а останува да видиме дали тоа е доволно, додаде Лазаров, пред денешниот дуел против Словенија со почеток од 18 часот во салата „Феникс“ во Дебрецин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *