ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „СКОПЈЕ СО КУЛТУРНИТЕ ДОБРА“ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „МАКЕДОНИЈА“

WEB Телевизија во живо

Утре, 1 февруари, 2022 година, Домот на култура „Македонија“- Гевгелија со организација на Изложба на фотографии „Скопје со културните добра“ ја започнува реализацијата на работната програма за 2022 година. Имено, изложбата ќе биде поставена во холот на Народниот театар до 14 февруари, 2022 година, а заинтересираните граѓани кои ќе сакаат да ја посетат, треба доследно да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, во периодот од 09:00 до 15:00 часот. На изложбата ќе бидат преставени фотографии со народни носии од етничките предели Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Скопски Дервен, Каршијак, како и носии од градската култура во периодот на Ала Франга. Покрај носиите, прикажани се и најбележитите локации на Скопје и околината.
          Организирањето на изложбата „Скопје со културните добра“ е во соработка со Ансамблот „Македонија“, долгогодишен соработник на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *