ИГОР ИЛКОВ, ПЧЕЛАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „НЕКТАР“-ГЕВГЕЛИЈА:

WEB Телевизија во живо

ПРИНОСОТ НА МЕД Е ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕКОТ ОД ПРЕД 2015, А ПОРАДИ ПРЕМАЛАТА КОЛИЧИНА НА МЕД ОВАА ГОДИНА ЦЕНАТА НА МЕДОТ ЌЕ БИДЕ ОД 500 ДО 600 ДЕНАРИ

Приносите на мед во 2021 година се за 10-15% повисоки од приносите во 2020 гиина. Но со големи екстреми на отстапувања. Односно во одредени микролокации воопшто немаше нектарење, а со тоа и медоберот изостана. Додека во други микролокации имаше хиперпродукција на нектар, па така и медоберот во тие микролокации беше значително поголем. Климатските промени секако се проблем за нас.

 Летово немаше дождови, а полињата не се како порано, засадени и расцутени за да има пчелите каде да собираат мед. Има години кога нема доволно храна и мораме да ги прехрануваме пчелите, и тоа е трошок. Но гледано на ниво на пчеларска фарма приносот на мед е далеку под просекот од претходните години наназад. Во претходните години до некаде 2015 година просекот на принос на мед по пчелно семејство во гевгелиската котлина беше и до 20-25 кг. по пчелно семејство, за во 2021 истото да биде само 5 кг. по пчелно семејство. 

Поради премалата количина на добиен мед во 2020 и во 2021 годин, а се поголемата побарувачка на чист пчелин мед, се по реално е да се зголеми цената на пчелиниот мед. А кон згоелмувањето на цената на медот ке придонесе и тоа што до претходната сезона некои пчелари имаа во своите магацини мед кој не успеале да го продадат, па истиот се чуваше до моментот на продажба. Но деновиве, односно уште во Ноември минатата година поголемиот број на пчелари членови на здружението „НЕКТАР„—Гевгелија ме известија дека повеќе немаат ниту 1 тегла мед за продажба вклучувајки го и медот од сезоната 2021.

 Повеќето пчелари во 2020 година медот го продаваа по цена од 450 мкд за тегла од 900гр.(тн. килска тегла од 720 мл.), но по увидувањето на драстично лошата повторена состојба со медоберот од 2020 година, членовите на здружението „НЕКТАР„—Гевгелија се договорија и ја усогласија цената на нивниот мед да биде по 500 мкд за “килска тегла“. Па така денес од пчеларите можете да купите мед по цена од 500 мкд. за тегла ливадски или цветен мед и дабов мед(медлика) по цена од 600 мкд. за тегла.

 Во здружението „НЕКТАР„—Гевгелија членуваат и двајца пчелари кои се регистрирани за органско одгледување на пчелите, и истите не известија дека кај нив медот е делумно поскап, односно истиот го продаваат по цена од 500 мкд. за тегла од 700гр. мед, но истата цена ке мора да претрпи покачување за најмалку 10% поради енормно зголемените трошоци за одгледување на пчелите а значително намалениот принос на пчелни производи. А според информациите кои ми ги пренесоа пчеларите членови на здружението „НЕКТАР„—Гевгелија, истите односно помал дел од нив мед ке имаат до крајаот на Март месец а останатите очекуваат да ги потрошат своите залихи веке кон крајот на Јануари или Февруари месец. А тоа е уште еден показател за згоелмување на цената во сезоната 2022. Во  гевгелиската котлина вклучувајки ги Општините Гевгелија, Богданци и Дојран има околу 100 пчелари со просечно 35-40 пчелни семејства и десеттина пчелари со повеке од 100 пчелни семејства, односно во гевгелиската котлина има отприлика околу 3000- 3500 пчелни семејства. Точниот број неможеме да го утврдме бидејќи не сите пчелари се членови на здружението „НЕКТАР„—Гевгелија. 

За сезоната 2022 сметам дека оваа бројка ќе биде преполовена поради големото присуство на паразитот на пчелите „varoa destructor„ кој освен што паразитира на пчелите и ги ослабнува, воедно е и преносител на новата болест на пчелите наречена “CCD„ Bee Colony Collapse Disorder. Односно болест на дезориентеција на пчелите. Која се манифестира со губење на пчелите, при што пчеларот на терен затекнува празни сандаци без пчели во истите. Оваа нова болест сеуште се проучува и се бараат вистинските причинители, но завзема се поголем замав и ги празни пчеларниците и до 99%.

 Поради тоа пчеларите се изложени на дополнителни трошоци за повторно формирање на нови пчелни семејства, а се со цел производство на мед и пчелни производи. Но и на индиректни пчелни производи кои сите ги добиваме бесплатно, а тоа се сите убави цвеќиња на нашите балкони и тераси како и по ливадите. А секако и сите сочни и вкусни плодови на овошките и зеленчукот ги добиваме благодарејќи на пчелите кои ги опрашуваат истите. 

Доколку исчезнат пчелите како поолинатори ке исчезнат и 80% од плодовите на растенијата кои се опрашуваат благодарение на пчелите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *