ГЕВГЕЛИЧАНИ ДЕНЕСКА СЕ РАЗБУДИЈА НА – 8 СТЕПЕНИ

WEB Телевизија во живо

И ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ  СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО. СНЕГ ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ОСВЕН НА ЈУГОТ.

Во целата држава утринава температурите беа под нула. Најстудено беше во Берово каде се измерени -12 степени. Во Петровец во близина на Скопје, Крива Паланка, Битола и Демир Капија беа измерени  -9 степени, во Штип, Тетово, Прилеп, Струмица и Гевгелија -8, на Зајчев Рид – Скопје и Куманово -7, во Охрид, Виница и Претор -5, во Маврово и Дојран -4, во Крушево -3 и на Попова Шапка -2 степена.

Денеска во вечерните и ноќните часови во западните делови на Македонија ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат и во петок, кога ќе се прошират и во останатите делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието.

Од УХМР истакнуваат дека заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *