ЕПИДЕМИОЛОГ САШКО ОЛУМЧЕВ

WEB Телевизија во живо

СИТУАЦИЈАТА НЕ Е НИ МАЛКУ НАИВНА, ВИСОК Е ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ ОД ТЕСТИРАНИТЕ.
ПРАЗНИЦИТЕ ПОМИНЕТЕ ГИ ВО ДОМАШНА АТМОСФЕРА, АКО НЕ, НЕ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА НА ИНФИЦИРАНИ ОД КОВИД  ПО 15 ЈАНУАРИ

Не ни беше потребен ваков развој на настаните, со големи бројки на инфицирани, туку требаше таа бројка да биде што подолго време на едно стабилно ниво, вели епидемиологот др Сашко Олумчев од Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија.  Ние, епидемиолозите предупредувавме навремено да се превземат одредени мерки во очекување на Омикрон сојот, но за жал, нашето мислење не се испочитува, од друга страна и самото население не го свати Омикрон сојот сериозно, така да сега ќе имаме преполни ординации на матичните лекари и навалица на ковид центрите и центрите за тестирање.

Сега е доцна за преземање било какви рестриктивни мерки, ни дојдоа туристи, наши повратници од странство и сега ситуацијата не ни е розова. Брзите тестови не се доволно сигурни, за ПЦР тестирање се чека неколку денови, луѓето се исплашени и прерано доаѓаат за тестирање, некои се тестираат сами, така да бројките кои сега ги имаме се нереални и во стварноста имаме поголем број на инфицирани од евидентираниот. Очекувам бројките и наредните денови да растат.

Висок е процентот на позитивни случаи од вкупно тестираните. Вчера кај нас, во Гевгелија, тој процент беше 75 отсто, што е сериозна бројка, за разлика од пред неколку дена кога тој процент беше меѓу 20 и 30 отсто. Загрижен сум, бидејќи доколку бројките растат ќе ни треба  ангажирање  повеќе персонал но и поголем капацитет на болниците, како за дневно така и болничко лекување.

Што се однесува до симптоматологијата, некаде околу 50 отсто имаат благи симптоми, обично оние прележаните и вакцинираните, додека кај другите исто така имаме дел со благи симптоми, но морам да кажам дека има и дел од инфицираните кои развиваат бронхитис и бронхопнеумонија.

Сакам уште еднаш да напоменам дека вакцинацијата не штити од реинфекции, штити од тоа да не завршите во болница со тешка клиничка слика.

Наредниот период ќе одиме на искуство, односно на емпирија, на рана детекција на вирусот и поставување на правилна симптоматологија.

Што се однесува до појавата на истовремено и ковид вирусот и вирусот на грипот, тоа не е за чудење, ќе се јавуваат разни комбинации, кои за жал ќе биде тешко да се разликуваат, па затоа мој предлог е да се набават двојни тестови кои ги детектираат во исто време и грипот и ковидот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *