ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВААТ И ВО ЗАТВОРЕНИ ОБЈЕКТИ

WEB Телевизија во живо

ОСТАНУВА ЗАБРАНА ЗА ПУШЕЊЕНА ЦИГАРИ ВО ЈАВНИ ПРОСТОРИИ

Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Ова оттаму што според оваа одредба пушењето е дефинирано како „поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува“.

Со постојниот закон за заштита од пушење се уредува заштитата од штетните дејствија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, зачувувањето на здрава животна средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите.

Јавни простории во смисла на овој закон се подразбираат: – објекти во кои се врши воспитно- образовна дејност и објекти за престој и сместување на деца, ученици и студенти; – објектите на здравствените и социјалните установи; – затворени и отворени простории во кои се одржуваат спортски натпревари; – затворени простории во кои се одржуваат културни и забавни манифестации, собири и други јавни приредби; – средства за јавен превоз на патници; – жичари и ски -лифтови – објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава или консумира храна и интернет кафиња; – простории во државните органи, установи и институции и во органите на локалната самоуправа во кои се одржуваат состаноци и средби; – кафеани, кафетерии, ноќни барови, кафе барови, кабареа, дискоклубови и пивници;. -заеднички простории во станбена зграда и заеднички делови на станбена зграда (светларници, лифтови, заеднички котларници и слично) утврдени со закон и – други јавни простории (сали, канцеларии, работни простории, чекални, ходници и слично)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *