ДОЧЕК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ВЕСЕЛ АМБИЕНТ

WEB Телевизија во живо

Испраќањето на  старата 2021 и дочекот  на новата 2022 година мина во мирна и празнична атмосфера. За првпат, во организација на Општина Гевгелија, граѓаните од општината можеа да ја дочекат заеднички Новата година на Градскиот плоштад. Имено, локални изведувачи од Гевгелија ги забавуваа сите присутни кои одлучија заеднички да ја прослават Новата година на Градскиот плоштад, но и гости од другите градови и од соседството.

За добрата новогодишна забава се погрижија: дуото Борис Ќаев и Мартин Костадинов, Оливера Станковска, „Лајф бенд“, „Фрка бенд“, Дејан Малзарков, „Панта реи“ и DJ Mad Kid.

Според информациите од ОВР- Гевгелија, новогодишната ноќ поминала без инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир. Гевгелиската полиција не постапила по службена должност, бидејќи немало кривично-правни настани и нарушувања на јавниот ред и мир. Исто така, и во ЈЗУ Општата болница со проширена дејност- Гевгелија немало зголемен број на интервенции од вообичаеното, како и интервенции од тежок карактер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *