30 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ИВАН ДОЈЧИНОВ

WEB Телевизија во живо

30 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ИВАН ДОЈЧИНОВ, БОРЕЦ ВО ШПАНСКАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА, УЧЕСНИК НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ И НОСИТЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА СПОМЕНИЦА 1941.

На денешен ден 1992 година во Скопје починал Иван Дојчинов. Иван ДОЈЧИНОВДимче Шпанецот, е роден во Гевгелија на 11 јануари 1909 година.

Бил припадник  на Македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија, шпански борец и учесник во Антифашистичката војна

По професија бил металски работник. По Првата светска војна емигрирал во Аргентина и од 1932 г. станал член на тамошната Комунистичка партија. Подоцна бил член на Секретаријатот на Комунистичка партија на Аргентина (КПА) во Буенос Ајрес, член на Антиимперијалистичката лига на Аргентина, но и соработник на тамошните македонски организации и на весникотМакедонски глас“. 

Двеипол години минал по аргентинските затвори. Како доброволец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939), бил член на Комунистичката партија на Шпанија (КПШ), трипати бил рануван и војната ја завршил како капетан. По престојот во концентрациони логори во Франција, во 1941 г. се вклучил на антифашистичката борба на македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија како инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ во Гевгелија и како член на Воената комисија на Месниот комитет во Гевгелија

Во 1941 г. бил член и на Покраинскиот воен штаб, а во мај 1943 г. бил командант на Мавровскокичевскиот партизански одред. Подоцна бил командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, член е и замениккомандант на Главниот штаб (ГШ) на НОВ и ПОМ, заменик командант на Третата македонска бригада, на дивизија и на корпус. Бил учесник на Првото и на Второто заседание на АСНОМ

По Ослободувањето ја завршил Воената академијаФрунзево Москва, а по враќањето во 1948 г. со чин потполковник бил командант на Валевската воена област и началник на Оперативното одделение на Петтата армиска област. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото, бил уапсен кон крајот на 1950 г. и осуден на 9 години строг затвор и на 3 години ограничени права. Казната ја издржувал во затворот во Билеќа, Босна и Херцеговина (март 1952 – 1954), на Голи Оток и во Казнениот затвор во Белград, а потоа бил помилуван и ослободен во 1956 г

Се вработил во Металскиот завод во Скопје, но бил под сомнение и пак бил уапсен во јуни 1958 г., а по шест месеци бил ослободен како невин и емигрирал во Бугарија. Подоцна, пак се вратил во Скопје. Бил носител на Партизанска споменица 1941. Починал во Скопје на 29 јануари 1991 г.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *