ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

24 ЈАНУАРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ОБРАЗОВАНИЕТО

ЗНАЕЊЕТО Е ПРАВО, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, ЗНАЕЊЕТО ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНО ЗА СИТЕ.

Генералното собрание на Обединетите нации на 3 декември 2018 година, со консензус ја усвои резолуцијата за прогласување на 24 јануари како Меѓународен ден на образование, во одбележување на улогата на образованието за мир и развој.

„Овој ден е повод за повторно да ги потврдиме основните принципи. Прво, образованието е човеково право, јавно добро и јавна одговорност. Второ, образованието е најмоќната сила во нашите раце за да обезбеди значителни подобрувања во здравјето, да го стимулираме економскиот раст, да го отвориме потенцијалот и иновациите потребни да изградиме попродорни и одржливи општества. И на крај, итно треба да повикаме на колективна акција за образование на глобално ниво”, изјави Одри Азулај, генерален директор на УНЕСКО по повод Меѓународниот ден на образованието.

Иако во последниве години има значително зголемување на писменоста во многу земји, бројките на ОН покажуваат дека 657 милиони деца ширум светот остануваат неписмени, отворено кршејќи го нивното право на образование загарантирано со Универзалната декларација за човекови права.

Во  Македонија 17,7 отсто од лицата на возраст од 17 до 34 години имаат низок степен на образование

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *