14 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НИКОЛА КЉУСЕВ, ПРВИОТ ПРЕМИЕР НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

 

14 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НИКОЛА КЉУСЕВ, ПРВИОТ ПРЕМИЕР НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

 

На 80-годишна возраст, на 16-ти јануари 2008 година починал академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Република Македонија (1991-1992) кој имал значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава. Во Штип завршил основно и средно образование. Како ученик, уште пред да стане полнолетен (1942-45) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија. Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде што бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година. Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања. За својата научна активност носител бил на највисоката републичка награда „11 Октомври“ и на голем бројдруги награди и признанија во земјата и во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *