ЖИТЕЛ НА СТОЈАКОВО ПРЕВЕЗУВАЛ 53 МИГРАНТИ ВО ТОВАРНО ВОЗИЛО

WEB Телевизија во живо

На 27.12.2021 во 22.00 часот на наплатната станица „Романовце“, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Ќ.(39) од с.Стојаково, .

При контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 лица-мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба.

Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблици кои припаѓаат на други возила.

Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *