ЗАВРШИ БОЖИЌНИОТ БАЗАР НА КРАЛСКИТЕ ИЗВИДНИЦИ. МАРИЈА ПЕТКОВА НАЈДОБАР УЧЕСНИК ВО РАБОТИЛНИЦИТЕ.

WEB Телевизија во живо

Од 03.12.2012 – 05.12.2021 во центарот на Гевгелија се одржа божиќен базар организиран од страна на Кралски извидници – извидничко здружение. Главната цел на базарот беше да се промовира организацијата Кралски извидници со цел граѓаните, а особено децата и тинејџерите да се запознаат со програмата и како тие би можеле да станат дел од истата. На самиот базар посетителите добиваа бесплатно кафе, чај и вафли. Учесниците на базарот имаа можност да бидат дел од пет извиднички работилници, во исто време да собираат бодови и да се натпреваруваат за награда. Од сите деца кои учествуваа на работилниците, околу 20, победник беше Марија Петкова. Марија доби божиќна награда и ваучер за бесплатно учество на летен извиднички камп 2022, кој секоја година Кралските извидници го организираат во Извидничкиот Центар во Ново Конско, Гевгелија. На 4-ти декември во малата сала на Народниот театар во Гевгелија беше организирана свечена манифестација на која националниот командант на Кралски извидници, Михаил Колев ја промовираше организацијата и програмата по која тие работат и ги покани децата да се приклучат на неделните извиднички часови кои се организираат во Пионерски Дом Гевгелија, секоја сабота со почеток од 11:00 часот. Волонтери на базарот беа извидници од Гевгелија, Скопје, Кочани, Неготино, Тетово. Исто така, едни од волонтерите беа и извидниците од Билефелд, Германија. Тие исто така имаа свое обраќање на свечената манифестација во Народниот театар.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *