ЗАПОЧНА ТРИДНЕВНАТА КОНЦЕРТНА ПРОГРАМА НА ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“

WEB Телевизија во живо

ПО ПОВОД 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИВНИОТ ПАТРОН.

„Музиката претставува непрекинат дијалог, мост меѓу култури и цивилизации. Таа е дијалог за корените на животот, за возвишеноста на човекот и траењето низ вековите. Пред нас се отвораат нови звучни полиња, започнува потрагата по имагинарното сонувано совршенство. Заљубениците во музичката уметност живеат со мислата за минливоста на животот, но и со вербата дека со музиката е можно траењето, дека е осмислено векувањето, го започна своето обраќање на синоќешниот Новогодишен концерт, а по повод Патрониот празник на ООМУ „Васо Карајанов“, директорката Сузана Стефанова.

„Нашето музичко училиште, рече Стефанова,  со гордост го носи името на македонскиот херој од Народноослободителната војна и заменик командант на партизанскиот одред „Сава Михајлов“, Васо Карајанов, Духот на нашиот патрон Васо Карајанов не води и низ воспитно-образовната дејност на нашето училиште во кое годишно се вбројуваат над 130 ученика не само од општина Гевгелија, туку и од општините Богданци, Дојран и Валандово. Овде се раѓа желбата за изучување и на други музички инсрументи, а со тоа и проширување на наставниот кадар кој веќе постои како реален човечки ресурс и е спремен да го имплементира своето знаење во оваа благородна уметничка дејност“.

Повеќе од 4 децении, Основното музичко училиште „Васо Карајанов“  посветено работи на стекнување знаења и вештини кај ученицитесо со што  обликува нови генерации на успешни музички и балетски уметници како и продуктивни и одговорни граѓани;

Низ  училиштето поминале голем број на ученици кои денес се успешни и реализирани граѓани во општеството. За некои од нив музиката станала и животна определба, професија. Изучувањето на музичките инструменти како пијано, виолина, кларинет и флејта, а подоцна и балетот како посебен оддел во ова училиште, несомнено придонеле за подигнување на квалитетот и позитивните особони кај овие личности Меѓу нив би ги издвоиле: Глигор Гелебешев – професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Невенка Чурлинова – виолинистка во МОБ, Маја Аблакова – професор по виолина на конзерваториум во Париз, Роберт Сапламаев – виолинист кој живее и работи во Австрија, Виолета Карајанова – балерина, Ѓорги Калајџиев, обоист итн. Исто така, поголемиот дел од наставниот кадар во училиштето своето музичко образование го започнал токму во ова училиште.

Во текот на сите овие четириесет години, многу ученици од музичкото училиште „Васо Карајанов“ учествувале и добивале награди на музички натпревари во земјата, така и на многу меѓународни натпревари во регионот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *