ВО ГЕВГЕЛИЈА НЕМА НИТУ ЕДЕН ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ НА ЗАБОЛЕН ОД ГРИП

WEB Телевизија во живо

ВО ГЕВГЕЛИЈА НЕМА НИТУ ЕДЕН ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ НА ЗАБОЛЕН ОД ГРИП,  ДО СЕГА 1300 ГРАЃАНИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ НА ПУНКТОТ ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА.  ВО МАКЕДОНИЈА ДО ДЕНЕС  ПРИЈАВЕНИ 787 ЗАБОЛЕНИ ОД СЕЗОНСКИОТ ГРИП

Како што информираше Институтот за јавно здравје, во сезоната 2021/2022,  вкупниот број на заболени изнесува 787 , 2,7 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона, кога имало 288 и 1,4% помалку во однос на типичната сезонска крива, 798 заболени.

Кумулативно, заболените се пријавени од дванаесет Центри за јавно здравје. Најголем број на заболени лица, 318  е регистрирана на територијата на ПЕ Дебар.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 376 случаи (47,8%), а највисока инциденца (186,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години (n=194).

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, од 12 ноември 2021 година, вакцинирани се вкупно 44.619 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Тој број во Гевгелија изнесува 1300 граѓани

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *