ВО ГЕВГЕЛИЈА БРОЈОТ НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ НЕДЕЛИ БЕЛЕЖИ НАМАЛУВАЊЕ ЗА 40 ОТСТО ВО ОДНОС НА ПРЕТХОДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ

WEB Телевизија во живо

Институтот за јавно здравје во периодот од 6.12 до 12.12.2021 година регистрираше 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,8% до 13,7%, просечно 11,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.024; 49,0%), со неделна инциденца – 161,5/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци 330,4/100.000.
Што се однесува до Гевгелија, во последните две недели забележано е намалување на бројот на заболени од Ковид-19 а во однос на претходните две недели за 40 отсто. Ако во претходните две недели таа бројка изнесуваше 100 заболени, последните две недели се регистрирани 60 новозаболени.
Од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија велат дека моментно се водат вкупно 115 активни случаи на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран од кои најмногу или 80 се на територијата на општина Гевгелија, 28 во општина Богданци и 6 активни пациенти на ковид се во општина Дојран.
Бројката на вкупно заразени од почетокот на пандемијата изнесува 3.677 од кои 3.568 оздравеле. Најмногу, разбирливо, се регистрирани во општина Гевгелија, вкупно 2.846, во општина Богданци се заразиле вкупно 659 граѓани и најмалку, поточно 172 пациенти се заразиле во општина Дојран.
May be an image of 2 people, tree and grass
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *