ВО ГЕВГЕЛИЈА, ВО НОЕМВРИ, 26 ДЕНА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА НА PM 2,5 ЧЕСТИЧКИ ВО ВОЗДУХОТ ЈА НАДМИНАЛА ДОЗВОЛЕНАТА ВРЕДНОСТ ОД 25 МГ/М3.

WEB Телевизија во живо

Според  страницата за мерење на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина,  26 дена во месец ноември 2021 година,  концентрацијата на ПМ 2,5 во Гевгелија ја надминувала дозволената вредност од 25 мг/м3. Најмногу, 57 мг/м3 се забележани на 22 ноември 2021 година.

Концентрацијата на ПМ 10 честички била над дозволената од 50 мг/м3  7 дена во текот на месец ноември, додека концент рацијат а на јаглерод моноксид (CO) од Гевгелија, за месец ноември 2021 година, не ја надминувала дозволената концентрација од 10 мг/м3

Мерната станица во Гевгелија   е поставена непосредна близина на детската градинка “Детска Радост” – клон “сончогледи” на улицата Ристо Јанев. Оваа станица  го регистрира загадувањето кое доаѓа претежно од согорувањето на горивата за затоплување на домовите како и загадувањето од сообраќајот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *