ТВ НОВА 12 ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

Вчера, по едно рекреативно трчање по убавото време, некаде на почетокот на улицата „Коле Неделковски“ се сретнавме, намерно, се разбира, со претседателот на клубот, Игор Коцевски. Игор, во име на Атлетскиот клуб и додели признание и медал на ТВ Нова 12 за досегашната успешна соработка, како и за следењето на подготовките и одвивањето на Првата улична трка „November run“ која се одржа по повод Општинскиот празник.
Оваа трка од сите љубители на трчањето во Македонија доби неподелени признанија за одличната организација и со учество на околу 600 атлетичари и рекреативци од Македонија и Балканот на двете трки, на 5 километри и на 10 километри, трка која беше бодувана и за Државното првенство на Македонија на оваа дистанца
Благодариме на вниманието, ТВ Нова 12 и натаму медиумски ќе ги следи сите оние настани на кои ќе учествуваататлетичарите на АК „7-Ми Ноември“, а очекуваме оваа трка да биде во наредните години една од најатрактивните трки не само во Македонија туку и во регионот.
Поздрав до сите членови на АК „7-ми Ноември“, бидете ни со добро здравје, лесни нозе и уште многу добри резултати на трките кои ви престојат.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *