САШКО ОЛУМЧЕВ:ВО ГЕВГЕЛИЈА НЕМА ПРИЈАВЕНО СЛУЧАЈ НА ГРИП. ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИОТ ГРИП ДО ДЕНЕС ПРИМИЛЕ 1026 ГРАЃАНИ.

WEB Телевизија во живо

Како што не информираше докторот епидемиолог од Центарот за јавно здравје-Велес, Подрачна единица Гевгелија, Сашко Олумчев, до петокот во вакциналнуиот пункт во Општата болница во Гевгелија, против сезонски грип се вакцинирале 1026 граѓани, што е двојно повеќе од истиот период минатата година. До сега, како што изјави доктор Олумчев во Центарот за јавно здравје во Гевгелија не е пријавено ниту едно лице заболено од грип.
Во Република Македонија, според Институтот за јавно здравје, во сезоната 2021/2022 вкупниот број на заболени изнесува 395, што е 2,1 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона и 11,2% помалку во однос на типичната сезонска крива. Кумулативно, заболените се пријавени од девет ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица и највисока кумулативна инциденца е регистрирана на територијата на ПЕ Дебар, се додава во извештајот.
Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, во државата вакцинирани се вкупно 42.755 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини.
Најголем број од вакцинираните се на возраст од 30-64 години – 1.941 лица или 61,5%, на возраст над 65 години – 1.008 лица или 32,0%, додека на возраст од 5-29 години се вкупно 132 или 4,2%. Нема вакцинирани се деца помали од 5-годишна возраст. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирани се 73 лица. Нема вакцинирани бремени жени.
May be an image of 3 people, people standing and indoor
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *