САШКО ОЛУМЧЕВ, ЕПИДЕМИОЛОГ:ТРЕБА ДА ВОВЕДЕМЕ БРЗИ АНТИГЕН ТЕСТОВИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ПОРАДИ ОМИКРОН СОЈОТ, ИАКО МИСЛАМ ДЕКА ТОЈ Е ТУКА НО СЕУШТЕ НЕ Е СЕКВЕНЦИРАН.

WEB Телевизија во живо

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО УЧИЛИШТАТА, ЗАТОА ПРЕДЛАГАМ КАКО ЕПИДЕМИОЛОГ ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА ПОЧНЕ ЕДНА НЕДЕЛА ПОРАНО И ДА ТРАЕ ЕДНА НЕДЕЛА ПОДОЛГО.
ГЕВГЕЛИЈА Е МНОГУ БЛИСКУ ДО СОЗДАВАЊЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ, НО ТРЕБА И НАТАМУ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ ЗА ДА НЕ НИ СЕ СЛУЧИ ПО ПРАЗНИЦИТЕ ДА ИМАМЕ 100 ДО 200 ИНФИЦИРАНИ САМО ВО ГЕВГЕЛИЈА.
Епидемиолошката ситуација во Гевгелија е стабилна, иако со резерва ги земам оние податоци дека бројот на инфицирани опаѓа во нашата општина, вели, во изјава за ТВ Нова 12, доктор епидемиолог Сашко Олумчев од Центарот за јавно здравје Велес, Подрачна единица Гевгелија.
Таа привидна слика на опаѓање се создава поради тоа што поголем број на граѓани сами се тестираат и нашиот систем не ги регистрира. Затоа јас би апелирал и тие да се пријавуваат кај нас за да ја знаеме вистинската бројка и во краен случај да знаеме до каде сме со стекнувањето на колективниот имунитет, и какви мерки во иднина ќе треба да преземаме.
Омикрон сојот сега за сега го немаме регистрирано кај нас, иако јас верувам дека веќе е стигнат и кај нас но сепак не е сеуште секвинциониран, а тоа ќе го кажат лабораториите и надлежните. По Нова година кога многу наши граѓани кои живеат во странство ќе дојдат во Македонија а многу наши ќе заминат за дочек во странство, очекувам да биде регистриран и званично, некаде по 15 јануари 2022 година.
Како сој, тој не прави тешка клиничка слика, неговата симптоматологија е слична на онаа со грипот, главниот симптом кај него е заморот, после кој доаѓаат болки во коските и висока температура, но не знаеме сега кога не е присутен кај нас, додека дојде дали во меѓувреме ќе измутира во некоја друга варијанта.
Затоа, бидејќи се работи за сој кој дури за 70 пати е позаразен од Делта сојот, треба да бидеме подготвени и внимателни, да ги почитуваме заштитните мерки, за да не ни се случи по празниците да имаме по 100 или 200 инфицирани пациенти само во Гевгелија.
Токму поради ова сметам дека иако ја имаме една од најотворените граници во светот, можеби, според мене, требаше да воведеме на самите гранични премини, брзи антиген тестови дали на сите , дали по случаен избор, на патниците кои влегуваат во овој период во Македонија
Што се однесува до училиштата, мора да кажам дека расте бројот на заболени, што е и очекувано бидејќи таргет група на делта сојот ним се младите. јас и моите колеги и лани и оваа година предлагавме зимскиот распуст да биде продолжен ако не две, барем една недела пред и една недела после почетокот. Со тоа, сметавме дека ќе се стабилизираа бројките на инфицирани, а оние кои ќе заболеа ќе беа во домашни услови и ќе ги имавме под контрола.
Гевгелија се приближува до создавање на колективен имунитет, знаеме дека е меѓу првите три града во Македонија, а тоа е резултат што ние овде имавме голем број прележани граѓани и висок број на имунизирани.Да не беше така, поради флуктацијата на граѓаните од едната и другата страна на границата, бројките на заболени кај нас ќе беа поголеми.
Но, кога сме кај вакцините мора да бидеме самокритични и ние здравствените работници. Имено многу ретко излегувавме и излегуваме и сега, ние, стручните лица со објаснување кон граѓаните кој е бенефитот од вакцините но и да им укажеме дека ако сме вакцинирани, тоа не значи дека треба да ги заборавиме заштитните мерки, како маските, дистанците и хигиената и да се однесуваме како ковидот да не постои. Ние се штитиме со вакцината само себе си, но не и другите, бидејки имаме случаи кога едно исто лице се инфицира по два до три пати.
Според мое мислење, ковидот нема да исчезне, ќе треба да се навикнеме на него. Најверојатно ќе има потреба од вакцинирање еднаш во годината, како што е случајот со сезонскиот грип, но доколку сме дисциплинирани, се придржуваме до заштитните мерки, се вакцинираме и имаме и по 15 јануари стабилна епидемиолошка ситуација, крајот на оваа пандемија и на борбата меѓу човекот и корона вирусот би требало да се случи кон крајот на 2022 година
На крајот, во мое име и во име на моите колеги од Центарот за јавно здравје Гевгелијасакам да им посакам на сите гевгеличани сречни новогодишни и божиќни празници, со должна внимателност во однесувањето, за да можеме наредната Нова година да ја дочекаме во една порелаксирана атмосфера, изјави за ТВ Нова 12, доктор Олумчев
May be an image of 1 person
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *