РИСТО АТАНАСОВСКИ:КАКО МАЛИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЛОКАЛНО ПРОИЗВЕДЕНАТА ХРАНА ОД ГЕВГЕЛИЈА, ВАЛАНДОВО, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН ДИРЕКТНО ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ПРОДАВААТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ?

WEB Телевизија во живо

Како дел од активностите на проектот „Формирање на краток синџир за снабдување со храна од локални производители“, во тек се обуки за мали производители на локални произвои и домашни продукти, на кои ќе се претстави концептот „Kратки синџири за снабдување со храна, со кои овие производители ќе бидат обучувани како директно да ги продаваат своите производи до крајниот купувач. Обуките ќе бидат одржани во Гевгелија, Богданци и Валандово, информираше Ристо Атанасовски, одговорното лице на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии од Гевгелија
Mалите производители на храна од Гевгелиско – Валандовскиот регион кои произведуваат сезонски производи имаат проблем при откупот на нивните производи,
Затоа, со овој проект ќе се воспостави и тестира нов систем на директна продажба на земјоделски производи од познат производител до заинтересирани потрошувачи или група на потрошувачи чии побарувања се во поглед на квалитетот на храната, начинот на испорака (со што помалку контакти/врски) и стекнување доверба на релација производител – потрошувач
Заинтересираните земјоделски производители кои ќе присуствуваат на настанот, понатаму ќе имаат можност да бидат дел од проектните активности со кои ќе бидат запознаени на самиот настан.
Проектот „Формирање на краток синџир за снабдување со храна од локални производители“ е поддржан од страна на Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија, одобрен во рамки на Програмата за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2021 година.
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *