ПРОЕКТОТ БИДИ ИН, БИДИ ИНКЛУЗИВЕН, БИДИ ИНКЛУДИРАН ГО ОДБЕЛЕЖА 3-ТИ ДЕКЕМВРИ, СО ОТВОРАЊЕ НА ДВЕ ИНКЛУЗИВНИ ИГРАЛИШТА ВО КУМАНОВО И ТЕТОВО

WEB Телевизија во живо

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3ти декември со отворање на две пристапни инклузивни игралишта во две основни училишта, во О.О.У. Наим Фрашери- Тетово и О.О.У. Браќа Миладиновци- Куманово.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а со овие активности проектот заокружува 15 месеци успешна работа во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.
Ова се дел од успешните проектни активности:
– 464ученици со попреченост се стипендисти на проектот и добиваат месечни стипендии
– 287 наставници и претставници на стручните служби ги подобрија своите знаења за инклузивно образование, диференцирана настава и работа со различни типови на попреченост
– опременисе и ставени во функција,сензорни соби во пет училишта, поставенисе шест инклузивни игралишта во училишни дворови и доделена е асистивна технологија начетири училишта
– обезбедена е туторска поддршка за учениците стипендисти
– реализирани е кампања за подигање на јавната свест за важноста од инклузивно образование.
Со цел проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ да им помогне на училиштата каде учат учениците со попреченост – стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност, во моментов е активен повик кој е достапен на веб страната на Фондацијата „Чекор по чекор“.
Проектот соработува и со општествено одговорни компании и во таа насока инклузивното игралиште во ООУ „Браќа Миладиновци“- Куманово е направено со финансиска поддршка од општествено одговорни компании Алфи Би, Проспера и Термалифт.
Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *