ПОД СЛОГАНОТ„СИТЕ СМЕ ИСТИ“, ВО ГЕВГЕЛИЈА ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ.

WEB Телевизија во живо

АНДОН САРАМАНДОВ:
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ НАСТОЈУВА ВО ИДНИНА УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА ИЗЛЕЗЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И НИВНИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА, СО ЦЕЛ ДА ГО ПОТТИКНЕМЕ ПРОЦЕСОТ НА НИВНАТА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА.
Под слоганот „Сите сме исти“, денеска, во Гевгелија беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост- 3 Декември со марш низ улиците на Гевгелија и културна манифестација во Народниот театар, во организација на Центарот за лица со попреченост „Мајка Тереза“. Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го изрази своето задоволство што на овој начин се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, обраќајќи им се на штитениците на здруженијата и невладините организации за лица со попреченост, членовите на Советот на Општина Гевгелија, функционери, ученици од основните училишта во Гевгелија, волонтерите на Црвен крст- ОО Гевгелија и други гости.
– Бидејќи тоа е добра можност уште еднаш да укажеме на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.Но, не само да укажеме,туку и јасно да ја изразиме во дело нашата определба дека секој член на нашата заедница е важен, нагласи Сарамандов. Но не само да укажеме, туку и јасно да ја изразиме во дело нашата определба дека секој член на нашата заедница е важен. Како општествено-одговорна заедница треба секогаш да имаме разбирање и да изнаоѓаме решенија за потребите на сите наши граѓани. Да им овозможиме еднаквост и нормално функционирање во општеството, како што тоа го бараме сите ние.
Општина Гевгелија ќе настојува уште повеќе да излезе во пресрет на барањата на лицата со попреченост и нивните здруженија, со единствена цел, да го поттикне процесот на нивната социјализација. Тоа го правиме преку посебна програма за социјална заштита, програма од која годинава како локална самоуправа ќе одвоиме повеќе средства за активностите и проектите за поддршка на здруженијата за лица со посебни потреби. Ќе користиме и други форми на поддршка – преку невладините организации и здруженија. Деновиве, започнавме со реализација на проект кој ќе се работи во соработка со меѓународните организации.
Нашите настојувања се насочени кон поголема инклузивност и еднаквост на лицата со посебни потреби. Само така ќе покажеме дека секој член од нашата заедница е подеднакво важен, истакна Сарамандов.
Инаку, одбележувањето на Меѓународниот ден на лица со попреченост започна со дефиле, кое тргна пред Општинската зграда, каде штитениците на Дневниот центар за згрижување на лица и попреченост и Центарот „Мајка Тереза“ тргнаа да маршираат до Народниот театар заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, членови на Советот на Општина Гевгелија, функционери и ученици од основните училишта во Гевгелија, а пратени од волонтерите на Црвен крст- ОО Гевгелија.
Културната програма започна со заедничкиот настап на штитениците на двете Центри кои ја изведоа песната „Секој“. На настанот се обрати и отец Димитар Ташев, кој одржа беседа. Со читање литературни творби на теми посветени на лицата со попреченост се претставија и ученици од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, преку кои упатија силни пораки дека иако сме различни, всушност, сите сме исти- родени од љубов, дишејќи исто под синото небо. Од страна на „Мајка Тереза“ им беа доделени благодарници за учеството во одбележувањето на Денот. На крај, културната програма заврши со читање на дел од правата на лицата со попреченост, во интерпретација на штитениците. Исто така, во просториите на Народниот театар беше поставен и штанд со изработки од корисниците на Центарот „Мајка Тереза“.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *