ПЛАНИНАРИТЕ ОД ПСК „ДВЕТЕ УШИ“ ПРОСЛАВИЈА ТРИ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ„ГОРДИ СМЕ НА СИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ИЗМИНАТИВЕ ТРИ ГОДИНИ, И ПОДГОТВЕНИ СМЕ НАРЕДНИТЕ ТРИ ДА НИ БИДАТ УШТЕ ПОПЛОДНИ“-ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ ПЕПИ АВРАМОВ

WEB Телевизија во живо

На 23.11.2021 година, календарски славевме три години од формирањето на ПСК ДВЕТЕ УШИ Гевгелија, не информираше претседателот на клубот, Пепи Аврамов. Со оглед дека нашите редовни состаноци се во ден среда, одлучивме да останеме доследни на тоа и на 24.11.2021 година да прославиме роденден и воедно согласно статутот имавме закажано второ годишно собрание за 2020 година, заради короната наместо во јануари го одржавме во ноември и одржавме прво изборно собрание, затоа што согласно нашиот статут органите ги бираме на три години. Нашата роденденска радост ја покри веста за трагичната сообраќајна несреќа во соседна Бугарија и во име на тродневната жалост и ние ја откажавме прославата. Собранијата ги одржавме согласно дневниот ред, не ја интониравме Македонската химна и со едноминутно молчење одадовме почит кон загинатите и нивните семејства. Во рамките на второто годишно собрание усвоивме повеќе акти важни за работењето на клубот, а во однос на изборното собрание за Претседател на Клубот го избравме Пепи Аврамов со нов три годишен мандат, за Претседател на Собрание со нов три годишен мандат го избравме Јован Митров Дос, избравме нов извршен одбор со 5 члена, нов надзорен орган со 3 члена и нов состав на Судот на честа со 5 члена, сите со мандат од три години. Она што посебно го одбележи собранието е доделувањето на три постхумни признанија на наши членови кои прерано не напуштија а кои оставија трае и особен белег во планинарството. Тоа се Ѓорге Аблаков, Душко Минчев и Илија Минов.
Признанијата ги примија членовите на нивните семејства, кои имаа измешани емоции од благодарност за укажаното внимание и почит, и тага по нивните најблиски. На крај заради откажаната прослава по повод деновите на жалост, а како ни беше веќе спремна тортата, ја поделивме меѓу присутните со чаша вода и со ветување дека во даден момент договорената прослава ќе ја одржиме. Горди сме на сите резултати во изминативе три години, и спремни сме следните три години да ни бидат уште поплодни.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *