ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА НА УНДП ЌЕ ГИ КОФИНАНСИРА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПРОЕКТИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ.

WEB Телевизија во живо

Во рамките на проектот РеЛОаД 2, пред објавување на јавниот повик за финансирање на проекти на Граѓански организации, во Народниот театар се одржа дебата за приоритети на која присуствуваа Граѓански организации кои делуваат во нашата општина, претставници од администрацијата кои работат на проектот, како и претставник од УНДП-раководител и координатор на оваа Програма за локална демократија, г-ѓа Билјана Георгиевска.
Се дебатираше по претходно утврдени приоритетни области и нивни потприоритети, а од страна на Граѓанските организации беа дадени и други нивни предлози за дополнување на приоритетите, како би можеле тие да конкурираат со нивни проекти. Се покажа интерес за изработка и имплементација на проекти од областа на туризмот, културата, заштита на животната средина, млади, локалниот економски развој, како и од областа на социјалната заштита, човекови права и социјална инклузија. Првиот јавен повик за аплицирање со проекти е планирано да се објави во јануари 2022 година.
Исто така членовите на Советот ја усвоија ЛОД методологијата- група документи и алатки за транспарентно финансирање на проекти на Граѓански организации во рамките на Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLOaD2)- УНДП. Од страна на преставничката од УНДП- проектен координатор на Програмата, Билјана Георгиевска накратко беше презентиран проектот, како и ЛОД методологијата за Општина Гевгелија која заедно со 7 општини го имплементираат проектот
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го спроведува ReLOaD2 проектот во: Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово*, Македонија и Србија. ReLOaD2 започна на 1 јануари 2021 година и во текот на следните 4 години проектот има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преку зајакнување на граѓанското општество и младите со цел активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиското опкружување за граѓанските организации (ГОи). Проектот е финансиран од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупната вредност на проектот е 13 милиони евра, а вредноста на компонентата од проектот за Северна Македонија е 1,24 милиони евра.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *